ФК Јувентус
Јувентус Фудбал Клуб С.п.А. (од латински: Juventus, во превод младост) попознат само како Јувентус или скратено Јуве е италијански фудбалски клуб од градот Торино, Пиемонт. Јувентус е трет најстар фудбалски клуб во земјата и со исклучок на една сезона, ја има поминато целата своја историја во првата италијанска лига (позната и како Серија А од 1929 година).
Основање
Клубот бил основан на 1 Ноември 1987 година, од група на студенти по книжевност на факултетот во Торино - "Масимимо Д'Азељо". Сите основачи биле на возраст од четеринаесет до седумнаесет години и биле вљубеници во спортот, а како што се вели во легендата до идејата да основаат тим дошле додека седеле на клупа во паркот "Corso Re Umberto".
Постојат многу малку сознанија за самото раѓање на клубот затоа што во тоа време весниците не му посветувале многу внимание на спортот во државата. Еден од основачите Енрико Канфари, во 1914 година во еден документ ја објаснил целата ситуација околу настанувањето на клубот. Групата неможела на крајот да се договори околу името на клубот па така биле изложени три предлози за гласање: Società Via Fori, Società Sportiva Massimo D' Azeglio и Sport Club Juventus. Како најдобар бил избран третиот предлог, односно Спорт Клуб Јувентус. Можеби и затоа што е симболично т.е. зборот Јувентус, означува „младост“ според латинската трансскрипција.
Прв претседател на клубот бил Еугенио Канфари (братот на Енрико). Тие двајцата заедно играле претходно и за друг тим од Торино, Пјаца Д'Арми. Јувентус го променил своето име во 1889 година (претходно се викал Augusta Tourinorum) и првите дресови им биле во розева и црна боја, која во Италија е позната како Росанеро.
Јувентус е третиот најстар италијански фудбалски клуб, после Џенова (основан во 1893) и Удинезе (во 1896), иако во Џенова фудбалот започнал да се игра исто кога и во Торино во 1897 година.
Првото Скудето
Црно-белите дресови им носат среќа на Јувентус веќе две години подоцна кога во 1905 година, Јуве ја освојува првата титула во Италија. Од 1905 до 1926 Јувентус не успева да го повтори успехот и во тој период доминираат екипите на Интер, Казале, Про Верчали и Милан (еден од најмоќните клубови од тоа време во Италија).
.jpg)

